Панчо Минов уште не знаел како ќе гласа, новинарите му правеле „конструкции“

Пратеникот Панчо Минов на својот Фејсбук профил денес ретерираше од изјавата дека ќе гласал ЗА уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, давајќи објаснување дека порталот „Либертас“ и телевизијата “Сител“ направиле „конструкција“ од неговиот одговор и го пренеле неточно.-Во врска со објавата на вестите на ТВ Сител и на порталот Либертас под наслов “И пратеникот Панчо Минов ќе гласа за уставните измени” изјавувам дека на новинарско прашање дали сум задоволен од утврдените предлог Амандмани од аспект на прифаќање на моите предлози во расправата по нацрт Амандманите дадов одговор дека сум задоволен затоа што се прифатени неколку од моите предлози и тоа во Амандман 33 за промената на името во Република Северна Македонија да не се однесува на Преамбулата каде се уредува идентитетот на државата; во Амандман 34 е прифатен предлогот заедно со предлагање и од страна на други пратеници “конститутивните акти објавени во Прогласот на АСНОМ” како и мојот предлог по зборовите “Референдумот од 08.09.1991 год.” да се додаде “на кој ќе се изрази волјата за создавање на самостојна и суверена Република Македонија” што е многу важно за дефинирање на македонскиот идентитет; и во Амандманот 36 прифатен е мојот предлог “Републиката ги штити, негува и гарантира особеностите, историското и културно наследство на македонскиот народ” што значи гаранција во нормативниот дел на Уставот покрај во Преамбулата на македонскиот идентитет.
На дополнително прашање на новинарот дали ќе гласам за уставните измени одговорив дека задоволството од прифаќањето на моите предлози ќе го димензионира моето гласање по предлог Амандманите, а не како што конструира новинарот како ќе гласам.“ – вели Панчо Минов.

 

Loading...