Папа: Не ја напуштам Црквата, Бог ме повика да се посветам на молитвата

Loading...

Господ ме повика да се посветам на животот во молитва и медитација, а одлуката за отстапување од должноста не значи дека ја напуштам Црквата, рече во неделата папата Бенедикт Шеснаесетти во своето последно обраќање (ангелус) во неговиот понтификат.„Господ не повика на планина… да се посветам на молитвата и медитацијата. Но тоа не значи дека ја напуштам Црквата, напротив“, изјавил папата Бенедикт со забележителни емоции во гласот, додавајќи дека ќе продолжи да ѝ служи со иста љубов и еднакво верно како и досега, но колку што му овозможуваат годините и силите.Последниот ангелус (молитва во католичкото христијанство) во папството на Бенедикт Шеснаесетти постојано бил постојано прекинуван со повици од масата и бурни аплаузи од Плоштадот на свети Петар, на кој биле присутни неколку десетици илјади луѓе. Ватиканското радио претходно објави дека се очекуваат околу 200 илјади луѓе. Папата, меѓу другите, бил поздравен со транспарентите „Свети Отец, те сакаме“, „Ви благодариме, Светост“ итн.Папата со широка насмевка им се заблагодари на небото што по неколку дождливи римски денови над градот заблескоти сонцето.Како и обично, Бенедикт Шеснаесети, во текот на ангелусот од прозорецот на Апостолската палата верниците ги поздрави на неколку јазици, а го заврши со импровизираната порака: „Секогаш ќе бидеме пријатели“.Неделниот ангелус беше едно од последните појавување на Бенедикт Шеснаесетти, како поглавар на римокатоличката црква. Понтификатот, според неговата сопствена одлука, ќе му заврши во четврток, на 28-ми февруари.Во среда Папата ќе ја одржи последната општа аудиенција, Римската полиција последните денови од понтификатот ја зајакна безбедноста, како надвор така и во самиот Пакистан. На располагање на верниците во неделата, а слично ќе биде и во среда, им се обезбедени две подвижни болници и стотици волонтери.Во четврток папата ќе се сретне со кардиналите во Ватикан, а во текот на попладнето со хеликоптер ќе биде превезен во резиденцијата Кастел Гандолфо. Седисваканцијата (испразнетата папска столица), периодот на испразнето место на катедрата на римскиот бискуп, како што официјално се нарекува, официјално започнува на 28-ми февруари во 20 часот. Подготовките за конкалвите за избор на следниот папа, треба да започнат уште следниот ден.
МакфаксГоспод ме повика да се посветам на животот во молитва и медитација, а одлуката за отстапување од должноста не значи де

loading...
Loading...