Папа Франциск: Не ги затворајте вратите за мигрантите

Loading...

За време на неделната проповед, папата Франциск повика да се прифатат мигрантите и да не им се ускратува надежта, истакнувајќи дека „секое затворање води кон диктатура и насилство“.
– Секое затворање и изолација, отстранување на оние што мислат поинаку од нас, доведува до екстремни позиции, што води до диктатура и насилство. Тоа се корените на многу зла во историјата, истакна папата.
– Денеска е Светски ден на мигрантите и бегалците. Треба да бидеме сплотени, без предрасуди, страв, да се грижиме за слабите, мигрантите, бегалците, жртвите на трговија со луѓе. Мора да изградиме поотворен свет во кој никој не е исклучен, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.
Светскиот ден на мигрантите и бегалците е годишен католички празник, кој го менува датумот. Основан е од папата Пиј X во 1914 година во знак на солидарност со италијанските католици, кои биле принудени да ја напуштат Италија за да работат во други земји.

loading...
Loading...