ПАРИ АНАЛИЗА: Речиси половина од новоотворените фирми отвориле сметки во НЛБ и во ХАЛК БАНКА

Во првото полугодие од годинава, 3.768 новооторени фирми морале да си ја почнат својата бизнис приказна со отворање сметка во банка. Нивниот најчест извор, според податоците на БизнисМрежа.мк била НЛБ Банка, таму отвориле сметка 891 фирма. Веднаш зад неа била Халк Банка, која станала избор на 809 фирми. Една година порано пак, Халк банка беше најчестиот избор на новоотворените комапнии, додека во 2020 година тоа беше НЛБ банка. Од овие податоци може да се заклучи дека трендот на новоотворните комании е најмногу сметки да отвораат во НЛБ и во Халкбанка. Во првото полугодие од годинава кај овие две банки заедно, отворени се 45 отсто од сметките на новоформираните компании, анализира порталот „Пари“.

Најмалку сметки пак, годинава, за 6 месеци се отвориле во Капитал банка – само 8.

Бројките за нови депоненти откриваат многу. Тие го откриваат нивото на конкурентност на банката, односно нивото на банкарските услуги и услови. А, со оглед на тоа што нашиот банкарски систем е претежно во странска сопственост, обично странските инвеститори, доколку има банка од нивната земја, својата сметка и банкарското работење и го доверуваат нејзе.

Нови депоненти од новоотворените фирми во првото полугодие 2022 г.

ДЕПОНЕНТ БАНКАВКУПНО
Капитал Банка АД Скопје8
Комерцијална Банка АД Скопје645
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје891
Прокредит Банка АД Скопје113
Силк Роуд Банка АД Скопје81
Стопанска Банка АД Битола79
Стопанска Банка АД Скопје460
ТТК Банка АД Скопје127
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје213
Халк Банка АД Скопје807
Централна Кооперативна банка АД Скопје75
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје226
Останати (непознати)43
ВКУПНО3768

ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА И ТЕТОВО ИМА НАЈМНОГУ ОТВОРЕНИ ФИРМИ, КОИ БАНКИ ГИ ИЗБРАЛЕ?

Во Скопје се речиси половина од новоотворените комапнии. За 6 мсеци се основале 1.643 фирми, а 430 ја избрале НЛБ банка за матична банка. Веднаш зад неа е Халк банка која била избор на 362 новоотворени компании, а на третата позиција е Комерцијална банка со 330 отворени сметки.

Во Битола се отвориле 203 компнаии, а најголем дел од нив – 45, сметка отвориле во НЛБ банка. Потоа, изборот на битолски компании, била Комерцијална банка со 31 новоотворена сметка, а зад неа е Стопанска банка – Скопје со 30 отворени сметки на новоотборените битолски фирми за 6 месеци.

Од 173 новоотворни фирми во Тетово, 50 избрале да отворат сметка во Халк банка, 26 во НЛБ и 24 во Стопанска банка.

3 ТОП  градови по новотворени фирми и 3 најизбрани банки

ГРАДНОВООТВОРЕНИ СУБЈЕКТИНАЈИЗБРАНА БАНКАВТОРА ПО ИЗБОР БАНКАТРЕТА ПО ИЗБОР БАНКА
Скопје1.643 НЛБ Банка (430)Халк банка (362)Комерцијална (330)
Битола203НЛБ Банка (45)Комерцијална банка  (31)Стопанска Скопје (30)
Тетово173Халк банка (50)НЛБ Банка (26)Стопанска (24)

ТРГОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОСНОВАЛЕ ФИРМИ, А НАЈМНОГУ СЕ ОДЛУЧИЛЕ ЗА ХАЛК БАНКА

Над 22 проценти од новоотворените фирми се од секторот трговија на големо и мало. За 6 месеци, во државава имаме 838 нови трговци, а најмногу сметки отвориле во Халк банка – 201, потоа нивен избор била НЛБ банка каде депоненти станале 194 фирми и на трто место е изборот на Комерцијална банка со 141 фирма.

Со шифра „други услужни дејности“ има 437 нови фирми. Нивен прв избор била НЛБ банка со 124 нови депоненти од овој сектор, а на второ место е Халк банка – со 83 депоненти и на трето е Комерцијална банка со 56 депоненти.

Во угостителско-хотелиерскиот сектор има 373 нови фирми. Најмногу од нив сметка отвориле во Халк банка- 78 фирми, потоа во НЛБ – 76, па во скопска Стопанска банка – 64.

3 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО НОВОТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

ДЕЈНОСТНОВООТВОРЕНИ СУБЈЕКТИНАЈИЗБРАНА БАНКАВТОРА ПО ИЗБОР БАНКАТРЕТА ПО ИЗБОР БАНКА
Трговија838Халк банка (201)НЛБ банка (194)Комерцијална банка (141)
Други услужни дејности437НЛБ  (124)Халк банка  (83)Комерцијала банка (56)
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна373Халк банка (78)НЛБ банка  (76)Стопанска банка – Скопје (64)
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.