ПАРИ АНАЛИЗИРА: ПЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ВИНАРНИЦИ „СВРТЕЛЕ“ 52,7 МИЛИОНИ ЕВРА, А ТОА ИМ ДОНЕЛО ПРОФИТ ОД 3,9 МИЛИОНИ ЕВРА

Покрај најмоќниот „Тиквеш , кои се другите големи винарници ?

Лозарите и винарниците почнуваат да испишуваат уште една винска приказна од Македонија. Бербата на грозје привршува, а винарниците веќе прават грозје од овогодишната берба. И годинава се судрија интересите на производителите на вино и лозарите. Лозарите велат дека се недоволно платени, апелираа дека е неисплатливо да се одржуваат насади во услови кога еден килограм грозје се плаќа колку една кеса за пазарење во маркетите. Производителите на вино, пак, велат дека плаќаат најмногу што можат и дека на различни начини го помагаат развојот на лозарството.

Порталот Пари, како и секогаш, ги анализира податоците на компаниите кои се во жариштето на настаните. Овој пат, тоа се големите винарници кои се пресудни и за развојот на лозарството во Македонија и за девизниот прилив, со оглед на тоа дека лозарството е втора извозна гранка во земјоделието – веднаш зад тутунот. Со извоз вреден 61,4 милиони долари, Македонија во 2021 година е позиционирана како 29. најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Притоа, петте најголеми винарници, според податоците од платформата Бизнис мрежа, направиле промет вреден 52,7 милиони евра, а тоа им донело профит од над 3,9 милиони евра.

ТОП 5 ВИНАРНИЦИ ПО ПРИХОД

|Во евра|

ВИНАРНИЦАПРИХОД ВО 2020 ГОД.ПРИХОД ВО 2021 ГОД.
ВИНАРСКА ВИЗБА ТИКВЕШ ‒ Кавадарци25.300.00032.400.000
ВИНАРИЈА СТОБИ ‒ Градско 4.800.000 5.800.000
РИГО ИМПЕКС ‒ Скопје5.700.000 5.600.000
ИМАКО ВИНО ЕКСКЛУЗИВ ‒ Штип5.300.000  4.800.000
ЕЗИМИТ ‒ Штип  3.600.0004.100.000

Очекувано, податоците покажуваат дека најголем приход прави винарската визба Тиквеш. Овој производител, главно на вино, но произведува и ракија, лани направил вкупен промет од 32,4 милиони евра, и тоа е значителен скок од 2020 година, кога имал приход од 25,3 милиони евра.

Растот на приходите во 2021 година во однос на 2020 година, е „природна состојба“ затоа што во 2020 година беа најголемите пандемиски карантини, додека во 2021 година имавме враќање на рестораните, прославите… Така и винаријата Стоби го зголемила приходот од 4,8 милиони евра во 2020 година на 5,8 милиони евра во 2021 година.

Но компаниите кои се на третото и на четвртото место по приходи во 2021 година ‒ Риго импекс и Имако вино, имаа намалување на прометот во 2021 година. Така, приходот на Риго импекс се намалил од 5,7 милиони евра во 2021 година на 5,6 милиони евра во 2020 година, а на Имако вино од 5,3 милиони евра на 4,8 милиони евра.

Последен од првата петорка по приходи е штипски Езимит, каде приходите во 2020 година биле 3,6 милиони евра, а во 2021 изнесувале 4,1 милиони евра.

ГД ТИКВЕШ И ДАЛВИНА НЕ СЕ ВО ПЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ПО ПРИХОД, НО СЕ ПО ДОБИВКА

Ако, пак, се анализираат добивките се добива поинаква листа на ТОП 5 ВИНАРНИЦИ. Тиквеш, Риго и Имако остануваат меѓу петте најпрофитабилни компании, но меѓу нив не се Стоби и Езимит, туку ГД Тиквеш и Далвина.

ТОП 5 ВИНАРНИЦИ ПО ДОБИВКА

|Во евра|

ВИНАРНИЦАДОБИВКА ВО 2020 ГОД.ДОБИВКА ВО 2021 ГОД.
ВИНАРСКА ВИЗБА ТИКВЕШ ‒ Кавадарци1.100.0002.300.000
РИГО ИМПЕКС ‒ Скопје603.000    613.000
Милев ГД ТИКВЕШ ‒ Кавадарци480.000380.000
ИМАКО ВИНО ЕКСКЛУЗИВ ‒ Штип304.000375.000
ДАЛВИНА ‒ с.Хамзали Босилово90.000266.000

Она што може да се забележи е дека скокот на добивката на Тиквеш е многу поголем од скокот на приходите. Имено, Тиквеш имала раст на приходите за 27,7 %, додека растот на добивката бил за 113,5 %.

Риго имала мал пад на приходи во 2021 година во однос на 2020 година, додека со добивката е обратна состојбата, односно имала мал раст на добивка, од 603.000 евра на 613.000 евра.

Од најприходните, а истовремено и најпрофитни компании, е и Имако, која, исто така, иако имала пад на приходи во 2021 година во однос на 2020 година, имала мал раст на добивката, од 304.000 евра на 375.000 евра.

Со пад на добивка е ГД Тиквеш, од 480.000 евра на 380.000 евра, а со значителен раст е Далвина, на која добивката ѝ пораснала од 90.000 евра на 266.000 евра.

КАДЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ПРОСЕЧНА ПЛАТА?

Податоците покажуваат дека најголема просечна плата има во винарницата Риго, каде лани имало 78 вработени, а просечната плата била 56.162 денари.

Во најголемата компанија по приход и по добивка, ВВ Тиквеш, каде што лани работеле 196 работници, просечната плата била 33.113 денари.

ТОП 5 ВИНАРНИЦИ ПО ПЛАТИ

|Во денари|

ВИНАРНИЦАПРОСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА ВО 2021 ГОД.
РИГО ИМПЕКС ДОО ‒ Скопје56.162
БОВИН ДОО ‒ Неготино 39.859
ВИНАРСКА ВИЗБА ТИКВЕШ ‒ Кавадарци33.113
ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА ДООЕЛ ‒ Скопје   30.969
ЕЗИМИТ ДООЕЛ ‒ Штип     29.050

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/pette-najgolemi-vinarcnici-svrtele-527-milioni-evra/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.