ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНO: 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА во Македонија за 2021 година

Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, трета година по ред, Ви ја претставува листата „100 Најголеми“ компании по добивка во Македонија за 2021-та година.

ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНO: 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА во Македонија за 2021 година

Проектот „100 Најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.

Ви напоменуваме дека предмет на рангирањето на 100 НАЈГОЛЕМИ се компаниите –  трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва.

Податоците за 100-те најголеми компании по добивка покажуваат дека тие оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година се зголемила за 42%.

Но, ако се споредат податоците за најприходните и најпрофитабилните компании, може да се види дека само 3 компании од ТОП 10 најголеми по приход се во групата на ТОП 10 најголеми по добивка.

Интерсен е и фактот што 5 компании кои во 2021 година биле во загуба , во 2020 година влегле во 100-те најпрофитабилни (за нив ќе посветиме посебен текст).

Инаку, вкупните добивки на најпрофитабилните компании се генерирани од нивен вкупен приход од 7,86 милијарди евра (околу 2,4 милијарди евра помалку од она што го оствариле 100-те најголеми фирми по приход).

Во 100-те најголеми компании по добивка имало и помалу вработени во однос на 100-те најголеми компании по приход. Односно кај нив лани биле вработени 47.651 работник.

РАНГ 2021КОМПАНИЈАДОБИВКА (ЕУР)РАСТ%РАНГ 2020
1ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ Скопје79,857,87416%1
2ИГМ-ТРЕЈД Илија и др. ДОО Кавадарци51,247,184240%9
3Рудник САСА ДООЕЛ Македонска Каменица35,485,54545%7
4ЕВН Македонија АД Скопје28,025,388-5%4
5Македонски Телеком АД СкопјеСкопје27,999,6810%5
6МАКПЕТРОЛ АД Скопје22,341,517293%27
7АЛКАЛОИД АД Скопје20,835,86512%8
8ТЕ-ТО АД-Скопје20,608,12870%14
9УСЈЕ АД Скопје19,145,177-23%6
10АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје17,363,014195%26
11КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје15,751,84775%17
12ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје15,750,28119%11
13МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп14,827,05278%18
14А1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје14,326,41417%13
15МАКСТИЛ АД Скопје13,811,174931%
16КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ АД Скопје12,747,8654%12
17ЛИБЕРТИ АД Скопје12,692,896-58%3
18СУПОРТ & СОЛУШНС ЦЕНТАР МК ДООЕЛ Скопје11,842,2962%15
19БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип11,653,035202%32
20ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје10,341,123-1%16
21ЖАН МИТРЕВ Скопје9,233,32014%20
22ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип7,776,366102%33
23КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија7,522,99225%25
24СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг – Подружница Скопје7,124,523 
25ПРОМЕДИКА ДОО Скопје6,565,180356%119
26ОКТА АД Скопје6,149,456 
27КНАУФ ДООЕЛ Скопје5,872,212118%52
28ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје5,829,749100%48
29ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ Штип5,598,00153%38
30ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје5,377,35743%35
31СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје5,184,61138%36
32ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци5,082,144-9%22
33КАМ ДОО Илинден5,072,2254%28
34КИППЕР MARKET ДОО Желино4,795,51640%42
35ЛЦ ВАИКИКИ РЕТАИЛ МК ДООЕЛ Скопје4,501,619613%286
36ВАРДАР ДОЛОМИТ ДООЕЛ Скопје4,426,833126%75
37АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани4,390,90322%41
38КНАУФ-РАДИКА АД-Дебар4,366,006-28%24
39АПЕКС МК ДОО Скопје4,336,31986%60
40СИМ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица4,239,14458%53
41ДМАРКАРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с. Долно Караслари Велес4,126,092278%171
42ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје4,102,144127%84
43КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје3,928,205-18%29
44ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје3,863,1361531%834
45БИОТЕК ДОО Скопје3,706,11848%58
46СТОКОМАК ДОО увоз-извоз Скопје3,616,98619%44
47ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ Пласница3,591,62332%51
48МАК АУТОСТАР ДООЕЛ Скопје3,442,456110%92
49ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с.Алинци, Прилеп3,412,381 
50РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола3,307,076178%154
51КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ Скопје3,248,063216%181
52СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје3,241,099117%107
53ЈАВОР-ТРАНС ДОО Струмица3,146,308-17%34
54МЕТАЛОПРОМЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица3,132,5211131%770
55АВИЦЕНА ДОО експорт-импорт Скопје3,117,94261%77
56ИТХР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје3,013,009106%111
57ПОФИКС ДОО Тетово2,985,460-8%43
58ГРАНИТ АД-Скопје2,909,149174%178
59ЦЕРМАТ ДОО Битола2,901,40610%57
60СЕАВУС ДООЕЛ Скопје2,897,178-29%31
61МЕТАЛ-НЕТ ДОО Куманово2,891,283260%225
62СЕТЕК Се од Техника ДОО Скопје2,872,5818%55
63АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт импорт Скопје2,857,694-3%47
64АДРИЈУС ДОО увоз-извоз с.Глумово Сарај2,853,678742%589
65АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје2,808,71077%95

Целата листа на 100 најголеми е достапна ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.