„ПАРИ“  ОТКРИВА: ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОТРОШИЛЕ ГРАЃАНИТЕ НА КОЦКА ЗА ЕДНА ГОДИНА

„Пари“ – анализа: Како работеле обложувалниците и организаторите на игри на среќа

Во 18 компании од секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евраТоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра.  Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор.

Ако се земе износот на ставени на коцка околу милијарда евра (ова не е конечен список на сите фирми од оваа дејност, но тука се речиси сите и најголемите), не може да се избегне впечатокот дека нашиот народ сака да си игра со среќата. Многу економисти и социјолози, во јавноста често истакнуваа дека „колку народот е посиромашен, толку е повеќе склон да игра игри на среќа“. Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка. Но, некои чинат многу – дотолку што упропастиле цели семејства.

Сепак, коцкањето постоело и ќе постои. Според она што може да се најде во литературата, првата слот машина е измислена од автомобилскиот механичар Чарлс Феј во 1895 година и тој ја инсталирал во својата автомеханичка работилницата во Сан Франциско. Клиентите можеле да играат додека се поправале нивните автомобили. Наскоро казината дознале за овој изум и почнале да користат слот машини.

Меми Стокер е запишана како прва личност која добила лиценца за отворање казино. Овој настан се случил во 1920 година, се разбира – во Лас Вегас.

„Пари“ направи анализа на нашите коцкарници – обложувалници и организатори на игри на среќа. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните добивки се движат од 78.000 евра до 15,7 милиони евра.

Како што може да се види од податоците, компанијата каде најмногу се остваат пари на апаратите за игра на среќа „Про Бетинг“, односно која лани направила промет од дури 83,7 милиони евра, има „лабава“ добивка од само 78.000 евра. Тоа е вушност и најмалата добивка од страна на компаниите од оваа дејност кои ги анализиравме, направена лани.

Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО СкопјеТаму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но, она што е особено интересно е дека оваа добивка е на промет од 67,4 милиони евра, што укажува на тоа дека секој четврти денар од прометот е за профитот на фирмата.

Најмалата по приход во ова друштво е „Спорт лајф гејминг“, дел од „Спорт лајф групацијата“ која има фирма за автомат-клубови за игри на среќа и за обложувалници – „Спорт лајф трејдинг“. Од автоматите за игри на среќа во „Спорт лајф гејминг“ лани се слеале 3,7 милиони евра, а тоа донело солидна добивка од 948.000 евра.

Кои се другите големи играчи во обој бизнис и какви добивки оствариле, погледајте во табелата:

Финансиски показатели за обложувалниците и организаторите на игри на среќа

|во евра|

КОМПАНИЈАПРИХОД 2021ДОБИВКА 2021
ПРО-БЕТИНГ Скопје93,7 милиони78.000
СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД82,8 милиони2,5 милиони
Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје67,4 милиони15,7 милиони
ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје44,2 милиони1,0 милион
ЗЛАТНА КОПАЧКА -ЕДЕН ДОО Скопје36,2 милиони87.000
БЕТ ТУ МАР ДООЕЛ Скопје31,6 милиони351.000
МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје21,3 милиони– 720.000
СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје20,7 милиони– 2,1 милиони
ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО ДОО Богородица Гевгелија17,7 милиони955.000
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје17,0 милиони166.000
МАКОТЕН -Гевгелија15,8 милиони564.000
КЛУБ СПОРТ 77 – Битола11,5 милиони460.000
АПЕКС МК ДОО- Скопје10,7 милиони4,3 милиони
АД Државна лотарија на РСМ10,3 милиони5,8 милиони
ТХЕ-СЛОТС ДОО Скопје8,7 милиони267.000
КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје4,5 милиони3,9 милиони
СПОРТ ЛАЈФ ГЕЈМИНГ – Скопје3,7 милиони948.000
КАЗЗИНО МОЗЗАРТ ДОО СКОПЈЕ835.000– 60.000

Извор: БизнисМрежа.мк

Загубари:

Од податоците може да се видидека 3 големи играчи во сферата на игри на среќа оствариле загуба. Станува збор за „Сенанатор“ кој иако имал промет од 20,7 милиони евра имал загуба од 2,1 милион евра. Ма-гаминг имал уште поголем приход од 21,3 милиони евра и остварил загуба од 720.000 евра и „Казино Моззарт“ со проход од 835.000 евра остварил загуба од 60.000 евра.

Анализа во најава – втор дел продолжение: Какви плати даваат обложувалниците и организаторите на игри на среќа

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.