“Пасат“ излетал од патот Охрид- Кичево, двајца повредени

Loading...

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на патот Охрид- Кичево, откако возачот изгубил контрола и излетал од патот.
Синоќа во 21:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило “Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатничката С.А.(62) се здобила со тешки телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

loading...