Паста која ја ублажува менопаузата, го намалува крвниот притисок и помага при слабеење

Loading...

Тахини, паста од сусам, е позната од дамнешни времиња особено во Кина и Јапонија. Таа се додава во разни јадења за да го подобри вкусот на храната.
Тахини е исклучително лековита паста и постојат низа рецепти за неа, но традиционалниот рецепт е секако најдобар.
Таа најдобро помага во одржување на хормонската рамнотежа на телото и зајакнување на имунолошкиот систем.
1. Го нормализира крвниот притисок бидејќи содржи антиоксиданси и калиум, кои придонесуваат за подобрување на липидниот профил и со тоа го намалуваат високиот крвен притисок.
2. Го намалува нивото на лошиот холестерол, благодарение на присуството на фитостероли.
3. Го поттикнува топењето на вишокот килограми – и покрај фактот дека 100 грама тахини содржат 595 калории, овој производ помага во борбата против прекумерната тежина бидејќи содржи здрави масти.


4. Го стимулира мозокот – поради присуството на манган, калиум како и омега-3 масни киселини, се забрзува развојот на нервни ткива, се подобрува меморијата и концентрацијата и се спречуваат дегеративните процеси во телото.
5. Го намалува стареењето на кожата и ги намалува акните – поради цинкот во оваа паста, таа ја чисти кожата и однадвор и одвнатре.
6. Ја подобрува потенцијата, стимулира производство на тестостерон и го зголемува либидото.
7. Го подобрува здравјето на жените во текот на менопаузата.
8. Го зајакнува нервниот систем – за нервниот систем правилно да функционира, потребни му се витамини од групата Б кои се наоѓаат токму во пастата од сусам.
Како да ја подготвите пастата од сусам?
Најпрвин испржете ги семките од сусам додека не добијат златножолта боја. Оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во блендер и сомелете ги за да добиете паста. Во текот на мелењето додадете и една лажичка маслиново масло, па продолжете да мелете сè додека не добиете хомогена смеса. Во пастата можете да додадете сол или лук, но исто така можете да ставите и мед и какао.
Вака подготвената паста можете да ја додавате во разни јадења: месо, пецива, салати и сосови. Најдобро е да користите максимум 3 лажички дневно и најдобро е да ја консумирате во првата половина од денот. Производот чувајте го во фрижидер.

loading...