Паста со спанаќ и пармезан

Потребни состојки:
250 г тестенини во облик на школки
Спанаќ(ако е замрзнат 1 пакување)
Половина коцка супа
1 главица кромид
1 чешне лук
Маслиново масло
Малку бело вино
Сечкан магдонос
Сол и бибер
Пармезан
Начин на подготовка:
Сварете ги и исцедете ги школките. Исечкајте го кромидот, а изрендајте го лукот. Загрејте маслиново масло. Во тавата динстајте го кромидот, а потоа додајте го и лукот. По една минута прелијте со бело вино и оставете да се вари неколку минути. Додајте го замрзнатиот спанаќ и мешајте додека да се размрзне. Ако користите свеж, пржете го кратко време. Во 100 г вода разматете ја супата и прелијте преку состојките. Додајте сол, бибер и сечкан магдонос, па варете додека да се соедини.
Додајте ги школките во тава и промешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.