Пател: За САД е апсолутно неприфатлив коментарот на израелскиот министер за нуклеарен напад врз Газа

За САД е „апсолутно неприфатлив“ коментарот на израелскиот министер за еврејско наследство, Амихаи Елијаху, кој во неделата зборуваше за идејата Израел да изврши нуклеарен напад врз Газа.

-И натаму веруваме дека е важно сите страни во овој конфликт да се воздржат од говор на омраза, рече заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, пренесен од британските медиуми.

Веднаш по дадената изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го казни Елијаху, со суспензија од владините состаноци „до следната одлука“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.