Пауновски: ресторанот во кој седеше Мицковски спротивно на прописите ќе добие кривична пријава

Loading...

Пауновски: ресторанот во кој седеше Мицковски спротивно на прописите ќе добие кривична пријава

Запрашан во врска со синоќешниот инцидент во угостителски објект во скопско Дебар Маало, кадешто беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, рече дека на инспекторите повеќе од два часа не им било дозволен влез во внатрешниот дел на објектот.

И додаде: инспекторите биле во рутинска контрола во тоа подрачје и кога на нивно барање не им бил дозволен влез во внатрешниот дел од објектот се посомневале дека станува збор за прекршување на владините мерки. Потоа биле приморани да повикаат полиција.

Стојко Пауновски, на прес конференцијата додаде и дека голем број на угостители и трговци ги почитуваат мерките, но има и одреден број на угостители кои го нарушуваат текот на работата, поради што се поднесени 28 кривични пријави и 38 прекршочни пријави, а се откриени и 47 нерегистрирани даночни обврзници.

Пауновски беше прашан за прекршувањето на прописите на Мицковски. Тој на ова го изјави следново: – Инспекторите се секојдневно на терен. Имаат наредба во сите тераси на угостителските објекти да проверат дали се спроведуваат протоколите. На лице место кога биле, имаат обврска да извршат контрола и во затворениот простор. Кога побарале да влезат биле спречени да извршат контрола. Тогаш им станало сомнително дека имале луѓе и инсистирале да влезат. На испомош дошле уште двајца инспектори. По два часа кога не отвориле, бил повикан и раководителот. Било рутинска контрола, ниту знаеле, ниту имале намера, ниту очекувале дека ќе излезе она што отпосле испадна.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...