Паштета од сардина

Loading...

Можете да ја послужите паштетата од сардина како предјадење или самостоен оброк.
Телото лесно го апсорбира месото од сардина – богата е со разни корисни материи и минерални елементи. Оваа риба е еден од рекордерите по содржина на фосфор и кобалт; содржи многу магнезиум, јод, калциум, цинк и натриум. Богата е со омега-3 масни киселини. Покрај тоа, месото од сардина содржи витамини Д, Б6, Б12 и А и коензим Q10 (еден од најефикасните антиоксиданси). Во 100 грама сардина има 166 калории, 19 грама протеини, 10 грама маснотии, а нема јаглехидрати.
Состојки:
– 1 конзерва сардина
– 2 варени јајца
– 50 гр путер
– 100 гр бело сирење
– 100 гр павлака
– 1 лажичка сенф
– 1 лажица сецкан магдонос
– сок од 1/2 лимон
– Малку црвен кромид
– сол, бибер по вкус
Подготовка:
Сардините изгмечете ги со вилушка, додадете пире од две варени јајца, ситно исечкан црвен кромид и додајте ги сите останати состојки и измешајте.
Земете рачна мешалка или апарат за пасирање и направете паштета.
Ставете ја подготвената паштета во фрижидер неколку часа за добро да се излади.
Добар апетит!

loading...
Loading...