Паѓаше 5-6 метри, ја немаше три секунди: Зошто Игор веќе не ја гледа Илина како се качува по карпи

Loading...

Кога нашата позната планинарка Илина Арсова се качува по карпи, нејзиниот партнер Игор Џамбазов вели дека не може да ја гледа. Страв му е вели, не за неа, туку за него.
Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани. Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат, раскажува Џамбазов кај Жарко Димитриоски во „Еден на Еден“.

loading...