Паљачото и ментор на оваа политичка жабокречина не го бранел дуелот сеуште

Loading...

Дуелот помина. И толку. Ништо од очекуваното. На двајцава ко да им беше незгодно да се напаѓаат. Побогу толку политичка култура на литар вода на кубен метар по плоштина на круг (според дефинициите на муртинецот) немам видено од дедо Ное па навака. Дури и ЉуБчо и Бранко испаднаа мали деца за Зец и Мицко. Па тие имаа храброст да се напаѓаат. Се сеќавате на „литро виски и линија кокаин“? Или не? Па во нивниот втор легендарен дуел кога Б.Ц возврати со „шеташ гол по кабинет и кршиш инвентар“. Е тоа е сега само сеќавање оти овие новиве како што сами си се нарекое „трета генерација“ на политичари требало да бидат нешто ново. И се богами. Делуваат толку ново како да немаат појма од политика. Но тоа не значи и дека не знаат што значи сервилност. Сервилност кон севишниот, т.е. „амбасадата“. Како таа ќе каже така играат. Затоа богами се чини дека не смееја да се напаѓаат. Ама задачата си ја разбрале сериозно па преминаа во дебатен клуб за пензионери

Како и да е Заев еднаш му прати сигнал на Мицковски дека може да му ги извади оценките кои наводно му ги одработувал татко му, како и катедрата, како и местото на факс и научните трудови. Дали е така си знае Заев оти не дораскажа иако злите јазици говорат дека бил во право целосно (некои зборат за „научните трудови со знак на равенсто кон скриптите за студентите на постариот). Како и да е, вистината е како шило и ќе врти, ќе врти и ќе избие. Исто како што дојдоа на површина податоците за хидроцентралите кои наводно биле само 10 проценти, ама во партнерство со „Глумец“… Богами незгодно. А и комично. Едниот манифестира лажна интелектуална супериорност (а го советувале да ги смени рамките на наочари) а другиот ко да е сеуште на нива па ја чека „кишата да дојде од Крагујевац“ да му ги навади насадените култури.

Политичката арена ни се сведе на бљувотина. На презентација од учебник. Да ти се одмили да гледаш. Истовремено гледаш дека нема перспектива. Типовите си разговараат кој е сега, а кој потоа треба да седне ВО ФОТЕЉА и да се дограби до буџетски пари. Нити збор за македонските национални интереси, нити збор за неправедно затворените, нити збор за незаконскиот избор на Таљат Џафери. Тоа се изгледа теми кои не смеат да се отвораат… И не се чудете што го нема паљачото да го брани дуел. Ќе биде и тоа откако ќе се вратат од продолжен викенд во Грција, која за некои сеуште е и Егејска Македонија. Инаку кога говорам за Паљачо се мисли на Сашо Ордановски човекот кој константно го мрази ВМРО и македонската историја во текот на сите овие 28 години. Редовно пљукал и бљувал по сите вмровци. Се до сега. Сега оди по чучеци со Мицкоски и смета дека е „добро детево“. Добри сигналите од горе? А?

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...