Пеколот продолжува, спас дури од четврток

Loading...

Сончевото и топло време со многу високи температури од портокалова фаза ќе се задржи до 14 август, прогнозираат синоптичарите.
Денес утринските температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе достигне вредност 9.
Утре и задутре температурата ќе изнесува 41 степен, а УВ зрачењето ќе продолжи да биде високо и ќе изнесува 9.
Во среда температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. Се очекува намалување на температурата за неколку степени, најпрво во северните делови. Веќе од петок облачност, дожд и пад на температурата се очекува насекаде низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

loading...