Пендаровски: Непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории наши граѓани

Претседателот Стево Пендаровски ја оцени изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека нема да дозволи “неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја симнат оваа власт, ја оцени како непримерна, со речник што може да навреди цели категории наши граѓани.
“Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории наши граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навредени од тие некои зборови, вели Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, додавајќи дека и нему му се случило да му се испушти некоја изјава и бил критикуван за таа реченица, фраза или изјава.
“Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да е нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто немам право на грешка, додава претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека граѓаните, како и политичарите се под голем притисок поради брзото случување на настаните, но дека одговорноста на политичарите е поголема.

 

Loading...