Пендаровски не е фаворит кај Македонците, смета Тито Петковски

Тито Петковски, претседателот на НДСП и партнерот на коалиционото мнозинство, кој во емисијата “Клик плус“ гостуваше како поранешен кандидат за претседател на Македонија, смета дека Стево Пендаровски на претседателските избори на 27 април би можел да освои помалку гласови од Гордана Силјановска Давкова кај етничките Македонци.
– На домашен терен кај македонскиот електорат фаворит може да биде Гордана Силјановска, но нејзин голем хендикеп е оддалеченоста од албанскиот. Пендаровски ја има таа среќа што и на изборите пред пет години и денес има огромна поддршка кај албанските бирачи, изјави Петковски во студиото на ТВ “21“.