Интегрален текст од соопштение од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по повод последните случувања во судскиот процес со кој се опфатени новинарите на ИРЛ:
- Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија, вели СДСМ
- Дневен хороскоп за сабота 28 септември! Вагата ќе има афера со пријател, а овој знак ќе започне сопствен бизнис
- Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
- Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата
- Трамп повторно со низа навреди за Камала Харис: Ја нарече „ментално xендикепиpана„
- Црна Гора оствари буџетски суфицит од 93,7 милиони евра!
- Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната вредност на валутите
- Битиќи: Над 75% од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата
- Невреме со силен ветер и грмотевици
„Слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес. Новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации. Јавноста има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес.
Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството.
Во таков случај, во јавен интерес е јавноста да биде запознаена со релевантни факти од значење за тие прашања. Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој. Како држава која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи.” се наведува во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.