Пендаровски: Никој не смее да биде над законот

Loading...

Во денешното обраќање од  Вилата Водно претседателот Стево Пендаровски побара ефективна истрага за случајот “Рекет“.
– Кажав дека сум разочаран уште на почетокот, а надлежните отидоа на одмор, како да не е вонредна состојба. Снимките предизвикуваат разочарување кај сите граѓани. И јас како граѓанин, а не како претседател сум разочаран. Свесен за мојата одговорност,барам институциите да имаат ефективно и брзо разрешување на истрагата. Ако има докази да се поднесат обвиненија против сите вмешани, без разлика дали се носители на јавни функции. Сите чии имиња се споменуваат, самоиницијативно да дадат изјави. Јавноста има право да ги знае ставовите, кажа тој.
Претседателот, исто така додаде дека според него тешката ситуација е тест за државата и правдата.
– Ќе докажеме дека функционира системот. Извесно е дека се вмешани луѓе со различни профили, се слушаат гласови на бизнисмени, па и на обвинителката Јанева, се слушаат имиња на политичари. Одговорност ќе има за сите вмешани без разлика дали се политичари. Никој не смее да биде над законот, додаде тој.

 

loading...