Пендаровски нов претседател, ДИК ги објави резултатите

Loading...

Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Македонија. Тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање. Пендаровски ќе биде петтиот претседател на Републиката. Оваа фукција пред него ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.
Противкандидатката Гордана Сиљановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Вчера на гласање излегоа вкупно 844.365 граѓани од запишаните 1.808.131 граѓани. Одѕивот беше 46,70 насто, а неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.

 

loading...