Перински се обрати на јавноста откако беше разрешен од Данела Арсовска

Што се случи во помалку од година дена на релацијата помеѓу Мицковски и Данела Арсовска која беше претставена како независен кандидат, а реално беше кандидат на неговата партија? Дали е во прашање борба за тоа кој ќе го добие тендерот кој е тежок околу 150 милиони евра?

Перински се обрати на јавноста откако беше разрешен од Данела Арсовска

…Некаде околу 10 часот денес добив известување од градот дека сум разрешен од позицијата прв човек на Водовод со образложение дека наводно сум влијаел на процесот при одлучување за изградба на Пречистителната станица.

Имено на крајот на јули добив допис од градоначалничката Арсовска која бара од мене промена на членовите на евалуационата комисија за изградба на пречистителната станица. Немаше никакво образложение за ваквата постапка, а причините поради кои ова го бара треба самата Арсовска да ги објасни.

Приказната денеска се развива со голема брзина ⬆⬆

…Јас за ова ја известив Европската Инвестициска Банка која е банка лидер и која е кредитор на самиот проект тежок 160 милиони евра за ваквиот чекор и побарав мислење за ваквото барање.

Европската Инвестициска Банка одговори за ваквото барање на Арсовска негативно. Значи она што го бараше градоначалничката не е одобрено од банката лидер.

Јас не можам да си дозволам незаконито работење по ниту една цена и било кога. Ниту пак ќе подлегнам на притисоците. Затоа она што јас го следам е единствено законот и мислењето на релевантните институции.

Го известив Градот и ја известив градоначалничката за одлуката на ЕИБ.

Ваквата одлука на Арсовска за мое разрешување доаѓа на денот кога комисијата треба да ги отвори понудите. Почитувањето на законот никогаш не е самоволие како што тоа го пишува Арсовска во соопштението на Градот. Туку единствена обврска. И да не ме разрешеше, јас бев подготвен да си заминам доколку цената е да го прекршам законот, како што таа бараше од мене со разрешување на членовите од комисијата.

Што се однесува до самиот проект за пречистителна станица тоа е проект на Владата на Р. Македонија, Водовод и со кредити од Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за обнова и развој.

Сите постапки кои се превземени се одобрени и потврдени како беспрекорни од банките кои вршат надзор на истите.

Со индигнација ги одбивам сите пишувања, сите обвинувања против мене. Барам од медиумите дабараат одговор зошто градоначалничката бара разрешување на членовите на комисијата… Јас стојам на располагање на сите институции и ги повикувам да го испитаат овој случај се до конечно расветлување на вистината. Затоа што постои можност градот да остане без капитален проект кој е од исклучителна важност за скопјани.

Од Водовод си заминувам со чист образ, со многу желба овој процес да успее. Благодарност и до банките кои се партнер во изградбата на пречистителната станица.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.