Период на големи промени: Вака се менува менструацијата кога жените ќе наполнат 40 години!

Кога ќе наполниме 40 години, нашите телесни функции полека се приближуваат до менопауза. Нашето тело се соочува со хормонални промени и што побрзо се помириме со тоа, толку повеќе ќе си го олесниме себеси животот во 40-тите години. Во продолжение прочитајте на кој начин хормоналните промени на почетокот на петтата деценија влијаат на менструалниот циклус.
Период на големи промени: Вака се менува менструацијата кога жените ќе наполнат 40 години!
Фазата помеѓу нормалниот циклус и менопаузата може да трае до 5 години, вели д-р Ребека Дансмур-Су од Сиетел. Таа појаснува дека оваа фаза се нарекува перименопауза.
Можно е да ви прескокне циклусот


Со оглед на тоа што нивото на хормоните се менува со годините, можно е понекогаш менструацијата сосема да ви изостане. Но, без грижа, тоа е сосема нормално за годините.
Разликата помеѓу две менструации станува пократка
„Од одредена доба во животот менструалниот циклус се скратува, што значи дека менструацијата ќе доаѓа почесто, односно побрзо еднаподруга. Но, треба да се нагласи дека секое тело е различно и доаѓањето на менструацијата порано или подоцна може да зависи од месец до месец“, вели д-р Ребека Дансмур-Су.
Грчевите, ПМС и промените во расположението се засилуваат
Многу хормонални промени после 40-тата може значително да влијаат на расположението. Не треба да се чудите што жените тогаш имаат нагли промени во расположението, па дури може и да се склони кон депресија. Исто така, може да се засилат болките и менструалните тегоби во текот на ПМС.
Помалку сте плодни и имате намалени шанси за забременување
„Јајце-клетките се генерално со послаб квалитет, па така се зголемува можноста за спонтан абортус“, вели докторката, но додава дека сепак и тогаш е можна бременост.

Loading...