Пес ја спаси сопственичката од самоубиство

Loading...

 Жена којашто се обидела да се самоубие во нејзиниот дом во местото Соржу во Прованса, во југоисточна Франција во вторникот ја спасил нејзиниот пес, кој буткајќи ја, ја свртил цевката од пушката насочена кон нејзиното срце, соопшти полицијата во Авињон.Жената на 63-годишна возраст се повлекла во градината со пушката со намера да си ги скрати маките. Откако го испробала карабинот неколкупати за да се увери дали добро функционира, очајната жена го „насочила оружјето во своето срце“, појаснил началникот на жандармеријата во Авињон.„Во моментот кога го активирала орозот, песот скокнал врз неа и ја свртил цевката“, додал офицерот истакнувајќи дека песот, мешана овчарска раса, „веројатно почувствувал што се случува и ја бутнал за да ја спаси“.Жената ја пронашол нејзиниот сопруг, ранета во градите но при свест. Лекарите во локалната болница изјавиле дека нејзиниот живот не е во опасност, рекол истиот извор истакнувајќи дека „кучето очигледно било многу вознемирено“ од гестот на неговата сопственичка.
Макфакс Жена којашто се обидела да се самоубие во нејзиниот дом во местото Соржу во Прованса, во југоисточна Франција во

loading...