Петар Богојески висок партиски функционер го деконспирираше Мицковски. Кој лаже господа?

Loading...

Со скандалозен статус, кој не сметаме дека е објавен при отсуство на разум Петар Богојески високиот партиски функционер (заменик генерален секретар) го деконспирира Мицковски. Имено, денеска Мицковски при посетата на Битола и расходката по „Широк сокак“ пред околу 2000 луѓе беседеше дека е против договорот, најверојатно за да ги неутрализира оние најрадикалните. Истовремено затоа што беше соберен на едно место целиот регион Битола, Ресен, Охрид и други тој на Заев му овозможи мирно потпишување на капитулацијата во Преспа. Две муви со еден удар, и глумење на опозиција и мирно потпишување. Веруваме дека Заев за оваа конструктивност е многу благодарен.
Наши извори во владеачката партија велат дека се сосема мирни и релаксирани како се одвиваат работите со ДПМНЕ во последните 6 месеци и дека воопшто не чувствуваат нелагодност. Ќе се сложите и така делуваат на фотографиите. 
За разлика од нив Мицковски се поти (буквално) да се претстави како опозиција. И во ова време БУМ! Статусот на Боголески. Радости од високиот партиски функционер на Мицковски поради потпишувањето на договор со кој се менува ИСТОРИСКОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА.
Нешто има труло во „шампитата“. Нели?!

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...