Петар Котевски – АВТОСТОПЕРСКИ ВОДИЧ ЗА РЕАЛНОСТА

Прво и најосновно – без паника! Ако некако не го видовте ова како доаѓа уште кога Црпко замина, без влакно да му фали, од кабинетот на Грујо (откако му се закани со шпионски материјали) – не сте сами. Исплачете се на Фејсбук, испцујте го Црпко, ќутете од срам, глумете лажна еуфорија да не ве дошика директорот, манете понекој срамежлив лајк на Квиско или Црпко, збогувајте се со Македонија, постирајте понекоја песна од Петранка Костадинова – се е дозволено денес. Потпишаниот договор, како и резолуцијата за Фиром, е мртво слово на папиру.
Не дека некој од „власта или опозицијата“ во Македонија нема да го „признае“ (тука примарно зборувам за Хорхе мутавиот), туку затоа што е неспроведлив. За овој договор да се спроведе во пракса, ќе треба да се употребат репресивни методи врз *секој поединечен* граѓанин – а таквите методи во 21виот век технологијата веќе ги направи невозможни. Пак да повторам дека повици за некакво „семакедонско обединување“ се комплетна глупост. ВМРОбовите ве повикуваат да се обедините во нивното координирано збогување со Македонија (дури и парастос прават во Битола). СМРДСМовците ве повикуваат да се обедините преку нивните импланти кои се неспособни за ништо друго освен да се продаваат за пари, и преку приглупите кои веруваат во некаков европски Ксанаду. Останатата ситна боранија ве повикува да се обедините околу разноразни теории на заговор – де Русија, де УДБА, де Америчките антихристи. Ве повикуваат на обединување за следниот пат кога ќе треба да проголтате некое понижување или срање, да можат да ви речат:
„Не е сега време за тоа!“,
„Преќути за Македонија!“,
„Остави го него, тој е наш“
„Што можеш ти да направиш сам? Обедини се“
Време е САМИ да научите што е добро за Македонија – а многу просто е: не прифаќајте понижување, непрофесионалност, лоша услуга, мешање во вашите лични работи, надменост од админстративците чија плата ја плаќате и некој да ви се обраќа на начин на кој не ви се допаѓа – или некој да ви подметнува документи изведени од овој предавнички договор. Ова правете го СЕКАДЕ, СЕКОГАШ и по цена на тоа да изгубите време, да си го комплицирате животот, некому да му ги повредите чувствата. Така се прави држава. Со неприфаќање срање од никого, и под никакви услови. Тоа е новата Македонија која треба да ја изградиме, и само за неа вреди некој да се бори. И тоа не да бара некој да застане до него, туку САМ, СЕКАДЕ и СЕКОГАШ. Обединување е за овци. Единствен начин овчарот да ги натера овците да ја преминат реката е да фрли една овца со сила во неа – другите, обединето ќе ја следат. Ниедна нема да одбие послушност. И волците живеат во група. Но секој од нив знае што бара од групата, што добива и колку може да поднесе за „доброто на групата“. Затоа – БЕЗ ПАНИКА! Борбата почнува уште од утре, секаде каде ќе сретнете апологет на договоров или последици од договоров. Застанете, и тврдоглаво одбиете да трпите срање – па макар по цена да свртите внимание кон себе, и по цена да навредите некој кој има значење во вашиот живот – а инсистира да ве навредува со овој предавнички договор.