Петковски: НСДП ќе даде шанса и на партиски неопределените граѓани да се вклучат во локалните избори

Loading...

Во рамки на подготовките за претстојните локални избори претседателот на НСДП, Тито Петковски, вчера во Куманово имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од втората изборна единица.

Претседателот Петковски истакна дека во рамки на подготовките за претстојните локални избори и утврдувањето на кандидати за општинските совети и градоначалници, НСДП ќе даде шанса и поддршка и за граѓаните кои не членуваат во ниту една политичка партија да се вклучат во изборниот процес.

„Како политичка партија да покажеме еден повисок степен на мотивираност и активност во мобилизирање на квалитетот кој лежи кај дел од граѓаните кои не покажуваат партиски афинитети, а истовремено имаат одредени идеи за тоа како може да го подобрат животот на своите сограѓани во општините во кои живеат. НСДП треба да биде канал за институционализирање, а не партизирање, на овие креативни елементи во локалните заедници“, порача Петковски пред своите сопартијци.

Тој нагласи дека целта треба да биде промена на досегашната политичка логика која во пресрет на локалните избори фокусот го ставаше на партиските коалиции, на тоа кои локални партиски челници ќе бидат носители на листи и кандидати, на сметка на проблемите и каде лежи потенцијалот во локалните заедници за нивно надминување.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...