Петмина загинаа во пукање во Швајцарија

Loading...

Вооружен човек отворил оган врз неколкумина во фабрика за преработка на дрво во Мезно, во кантонот Луцерн во Швајцарија, при што се убиени најмалку петмина, јавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил утрово околу 9 часот во кафетеријата на фабриката „Кроноспан”, известува Neue Luzerner Zeitung.
 „Имаше пукање и неколкумина се мртви, а неколку се ранети”, вели портпаролот на кантонската полиција за Blick.ch.
 Според новинските извештаи, на работниците им било соопштено дека продуктивноста на фабриката ќе биде намалена, што најверојатно повлекува и одлуки за откази и намалување на бројот на вработени.
 „Кроноспан”, кој раководи со фабриката за преработка на дрво е дел од семејната фирма Swiss Krono group, што се занимава со производство на завршни делови од дрво.
Макфакс
Вооружен човек отворил оган врз неколкумина во фабрика за преработка на дрво во Мезно, во кантонот Луцерн во Швајцарија, при што се убиени најмалку

loading...
Loading...