Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Гостивар

Loading...

Пет лица меѓу кои и три деца се повредени во сообраќајната несреќа која утрово во 6:50 часот се случи на патот кон Гостивар, во близина на клучката Камењане, дознава КУРИР. Во сообраќајката учествувале три возила: „Цитроен Берлинго“ со скопски регистарски таблички, „Мерцедес“ со регистрација од Англија и „Рено Меган“ со тетовски регистарски таблички.
-Во сообраќајката се повредени пет лица. Две жени и три деца. Сите се пренесени во тетовската болница, дознава КУРИР од СВР Тетово.

 

loading...