„Петок – Журки, забави, пијани говеда… се има бе!“

Loading...

Океј идеме од почеток:
1. Понеделник, Вторник, Среда
Мртвиот почеток на неделата, Понеделник, е често ден за седење дома и одмарање од претходниот викенд, детоксикација и потсредување на некои од обврските од работа/училиште. Не дека нема каде да се излегува, има отворена вечер во Клуб „Хавана“, ама Понеделник е забога… седете дома една вечер барем или излезете на кратко вечерно кафе или нешо…
Вторник и Среда се идентични, не ги коментирам.
2. Четврток
Е од тука веќе почнува неделата како што навистина треба… барем во Скопје. Четврток (новиот Петок) е најверојатно најглупавиот ден за излегување, а сите интересни настани се нормално во Четврток… и тоа во клубовите, каде што се влага во 12 (најрано) и се излегува накај 3. Да не заборавиме дека сеуште Петок е работен ден и дека треба да станеш во 7 и пол. Ама кој го интересира тоа, ако си фаца во градов, мора да бидеш виден и школо/работа не се толку важни (поготово не у Петок… кој иде во Петок на школо/работа?).
Ама чекајте сеа малце… Д ФАК!? Четврток е најмртвиот ден, скоро викенд али не уште… Четврток ти е исто како кога имаш 17 години, доволно стар за да размислиш малце за своите постапки, ама не доволно за да бидеш полнолетен. Целата фора е што постарите (19+) се осетија загрозени кога во Петок/Сабота, така-наречените „копиљаци“ (13-17) почнаа да влегуваат во дискотеките/клубовите и да прават непотребна гужва, да се начукуваат и да прават проблеми… затоа овие првиве си го измислија денот Четврток за излегување и си го нарекоа Senior Party (ма глупости).
П.С.: Не дека тоа смени да не им доаѓаат копиљаци, ама ајде…
3. Петок
Е овдека веќе почиња викендот. Журки, забави, пијани говеда… се има бе! Додуше не баш толку многу, петок е малце спор ден, бидејќи сите што искочиле претходниот ден се вратиле дома во 3 станале во 7 и пол и сега се папсани… така да петок е повеќе ден на копиљаците и шемаџиите што си идат на кафица и муабет. Не дека ни во петок нема журки… ги има многу ама не се нешто многу посетени. Како и да е Скопската шема се врти… поминува и Петок.
4. Сабота
Е Сабота е денот, мртви пијани полуголи „пички“ на 15ка штикли се шетаат по улици… пардон де, се ваљаат или ги носат. Фраерите дотерани, испопицкани, нема женска што не им се сфиѓа. Журки во секој кафиќ/кафана/диско/клуб/отворен простор и нема нити една асална. Повеќето се со пријатна лагана музика од типот на ова, ова или ова. Гужвата е да не речам колкава… што да се очекува кога цело Скопје плус провинцијата ќе се сринат во Центарот на градот. Кој од кој покурназ се прават, трошат по 1000/2000 денари за една вечер и сите се воодушевени од нив… тоа е менталитетот на младината што да праиш. Воглавном скоро сите се пијани вратени дома, дали исповратени цели или не, дали со некое парче облека помалце, дали без достоинство останато во нив, едно е сигурно… џебовите им се далеку полесни сега.
5. Недела
Не знам зашто воопшто да ја спомињам неделата како ден, бидејќи живо пиле нема да искочи во Недела и тоа со причина… ги скурцале сите пари. хаха што ќе праиш такво е Скопјето наше мило.
Што и да правите, кога и да излагате, ако не ви е скурчено од Бени и Нон-Стоп, секоја вечер можете да ги најдете во некој локал во градот.
Ајде сеа, пазете што правите, помалку „пријатна лагана музика“, жолти пијалоци (и не зборам за Фанта) и се ќе биде Cool… ?

loading...