Петреска: Не е исфлена строфата, не паѓајте на провокации! Се плука по нашата работа, а пеевме за 700 денари и се печевме на сонце!

По бурните реакции за скратената изведба на песната „Во борба, во борба” отпеана од страна на МОБ за време на отворањето на прославата за Илинден во Крушево, пти што беше изоставен стихот во кој се спомнува Гоце Делчев и фашистите се огласи пејачката Елена Петреска, вработена во МОБ.

Петреска: Не е исфлена строфата, не паѓајте на провокации! Се плука по нашата работа, а пеевме за 700 денари и се печевме на сонце!

Таа во коментар на социјалните мрежи објаснува дека аранжманот на песната бил направен пред повеќе од десет години, и никој со сила не можел да ги натера хористите да менуваат текст или да пеат поради нечиј интерес.

Не е исфрлена, зошто паѓате веднаш на провокации, аранжманот кој го пеевме е стар сигурно повеќе од една деценија. Не е направен специјално за оваа пригода, а и не може никој да не натера со сила да пееме или менуваме нешто заради нечии интереси. Тоа го тврдам!

Се плука по нашата работа, а таму пеевме за дневница од 700 денари, при што цел ден се печевме на сонце.

Не е фер да се измислуваат приказни за нечиј труд! Тријат раце порталите од читаност за вакви приказни на кои само подводливи луѓе веруваат – реагира Петреска на објава од нејзиниот колега Владимир Блажев од дуото ДНК.

Тој реагираше дека химната и песните напишани од маката на народот никогаш никој нема да може да ги смени, а оние кои ја исфрлија строфата на настанот во Крушево, ги нарече предавници од кои ќе се срамат нивните поколенија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.