Петстотини илјади Британци на протест против Брегзитот

Loading...

Околу петстотини илјади Британци излегоа денес на улиците на Лондон со барање да се прекине Брегзитот и да се распише нов референдум. Најголем број од демонстрантите се млади лица кои побараа нов референдум , на кој целата земја би се изјаснила дали сака да ја напушти Европската Унија. Сепак , и покрај бројноста , ваквото барање тешко би поминало , зашто премерката Тереза Меј веќе ја отфрли можноста за распишување нов референдум.
Во јуни 2016 , 51,89 проценти од Британците се изјаснија дека сакаат да ја напуштат Европската Унија, наспроти 48,11 проценти кои сакаа да останат во Унијата. Но, новите анкети покажаа дека бројот на евроскептиците е намален , па така сега поголем број од Британците би сакале да бидат дел од ЕУ и затоа денес протестираат.

 

loading...