Петте видови храна кои предизвикуваат зависност

Loading...

Ако често ги јадете овие пет типови на храна, загарантирано е дека ќе ве направат зависни.Иако концептот на зависност од храната е дискутаабилен меѓу научниците, постојат се повеќе докази дека преработената, масна и слатка храна како што е пицата, чипсот и колачите – создава големи проблеми.
Во најновото истражување на др.Никол Авена се открива дека луѓето кои често јадат одредени намирници имаат типично зависничко однесување.Таа се надева дека нејзината студија, неодамна објавена во стручниот весник Plos One, еден ден ќе допринесе во лечењето на дебелината барем кај идните генерации.
Авена бараше од 504 испитаници да ги идентификуваат намирниците поради кои имаат најмногу проблеми.Како би ја дефинирала “проблематичната храна“, им дала да користат скала на зависност од храната, од Јејл, според која морале да наведат во која мера се сложуваат со тврдењата како „Јадев додека не ми се слоши“ или „Често се чувствувам тромо или слабо по прејадување“.
Авена потоа ги рангираше различните намирници и создаде скала на оние кои во најголема мера предизвикуваат зависничко однесување.
Наведе која храна создава најголема, а која најмала зависност.
Храна која предизвикува најголема зависност:
Пица – 4,1
Чоколада – 3,73
Чипс – 3,73
Колачи – 3,71
Сладолед – 3,68
Храна која создава најмала зависност:
Свежа краставица – 01,53
Морков – 1,60
Грав – 1,63
Јаболко – 1,6
Темен грав -1,74
Лесно може да се примети дека храната која создала најмногу психички и физички потешкотии е истата онаа која најмногу се преработува и е богата со додатни масти и шеќер.
– Неколку истражувања покажаа дека овие намирници можат да предизвикаат однесувања и промени во мозокот кои лесно можат да се идентификуваат како зависнички, токму како оние кај алкохоличарите или наркоманите.

loading...