Пет видови на храна кои го опуштаат организмот и ослободуваат од стрес

Loading...

Помеѓу работата која ја вршите во канцеларија, за семејството или за вас самите, дали некогаш сте се запрашале каков стил на живот водите?
Нередовниот распоред на спиење, исхрана и сите други работи кои ги правите во текот на неделата, доведуваат до зголемено ниво на стрес.
Против стресот можете да се изборите и јадејќи одредени видови на храна, кои ќе ви помогнат да се опуштите.
1. Чоколада
Не постои ништо толку вкусно, а во исто време смирувачко како чоколада. Самата помисла на чоколада, омилена книга и удобен кревет е доволна за да се намали нивото на стрес. Неодамнешно истражување докажа дека секојдневното консумирање на црна чоколада во период од две недели, го намалува ослободувањето на хормони кои предизвикуваат стрес. Чоколадата поттикнува лачење на серотонин, кој е природен антидепресив.

2. Сирење
Сирењето е една од намирниците која може да се комбинира речиси со кое било јадење, за да го направи побогато и секако повкусно. Иако сирењето е познато по тоа што содржи масти, исто така е многу добро за ослободување од стрес.
3. Боровница
Иако се мали, боровниците навистина се совршена комбинација од витамин Ц и антиоксиданси, кои помагаат во балансирање на стресот. Антиоксидансите во боровниците, исто така ги заштитуваат клетките од рак и срцеви заболувања. Можете да ги јадете во кој било вид, како компот, сок, или свежи.


4. Бадеми
Бадемите се богати со витамин Б12, витамин Е, цинк и магнезиум. Тие содржат серотонин, кој помага во балансирањето на расположението и стресот. Цинкот се покажа како многу добар во борбата против негативните ефекти на стресот, а витаминот Е, е антиоксиданс кој го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок, па на тој начин стресот се одржува под контрола.
5. Риба
Омега-3 масните киселини кои ги содржи рибата, помагаат адреналинот и нивото на стрес да се одржуваат под контрола. Лососот и туната можат да спречат пораст на хормонот на стрес, а исто така штитат и од срцеви болести, промена на расположението и депресија.

loading...