Пет видови овошје што можe да предизвикаат мигрена

Loading...

За многумина овошјето е омилена храна, но одредени видови можат да бидат предизвикувачи на главоболка кај луѓето кои страдаат од мигрена. Истражувачи од Бразил спроведоа студија која утврди дека лубеницата може да биде предизвикувач на мигрена.
Истражувачкиот тим се состоел од четворица невролози и нутриционисти кои работат на бразилските универзитети. Научниците истражувањето го смислиле со претпоставка дека некои видови овошје се можни предизвикувачи на мигрена.
Претходните истражувања откриле дека парфемите, боите, бензинот и белилото исто така можат да бидат активирач за мигрена кај некои луѓе. Сега бразилскиот тим откри дека некои видови овошје исто така можат да предизвикаат мигрена.
За некои видови на храна, во резимето на истражувањето се вели: „Постојат докази дека тие дејствуваат на патогенезата на мигрената. Минатите истражувања покажаа како некои видови храна можат да доведат до мигрена поради ефектите врз невролошкото воспаление, вазодилатација и метаболизам на шеќер во мозокот“.
Едно британско истражување опфатило скоро 4 илјади пациенти со мигрена и нешто повеќе од 1.100 пациенти кои страдале од напната главоболка. Кај 40,3%, или скоро 1.600 пациенти со мигрена, тоа се случило во рок од 8 до 90 минути од јадењето на следниве овошја: лубеница (29,5%), маракуја (3,73%), портокал (2,01%), ананас (1,52%), грозје (0,51%) и банани (0,46%).
Заклучено е дека лубеницата е овошје кое е поврзано со појава на мигрена кај повеќето пациенти со мигрена. Истражувачите наведуваат дека ниту еден пациент со напната главоболка не пријавил дека има главоболка откако го јадел ова овошје.

loading...
Loading...