Пет грешки со кои си го уништувате автомобилот

Loading...

Тогаш најчесто страда паричникот, бидејќи секој пропуст и ненавремено реагирање на крајот се плаќа двојно.
Ова се петте најголеми грешки со кои го уништувате автомобилот.
Го игнорирате алармот за проверка на моторот
Сијаличката што трепка и ви кажува „Check engine“ (Проверете го моторот) не е минливо предупредување што важи денес, а утре не. Слушајте го вашиот автомобил.
Нередовна замена на маслото и филтрите
Моторното масло за автомобилот е како крвта за човечкото тело. Клучно е за правилно работење и во никој случај не е препорачливо да се надмине фабрички пропишаниот интервал за замена. Истото важи и за филтрите.
Ја запоставувате проверката на гумите
Хроничниот недостаток на пари е причината зошто многумина не се грижат за староста и состојбата на гумите, туку се фокусираат само на длабочината на профилот.
Го прескокнувате интервалот за сервисирање
Производителот со причина го пропишал распоредот на потребни сервиси и обемот на работи што треба да се средат во автомобилот, затоа не импровизирајте.
Не одржувате хигиена во автомобилот
Уште во градинка нè учеа дека чистотата е половина здравје. Истото важи и за автомобилот.

loading...