Пет лоши навики кои ги уништуваат вашите заби

Loading...

Доколку сметате дека знаете сè околу хигиената на усната празнина и дека правите сè за вашите заби да останат блескави и здрави, ќе се изненадите кога ќе откриете колку секојдневните навики им штетат на забите.
Еве пет навики кои би требало веднаш да ги промените.
Прегрубо четкање на забите
Иако звучи како добра работа, претврдите четки како и прегрубото четкање може трајно да ја оштети заштитната глеѓ на забите, да предизвика преголема чувствителност и склоност кон кариес. Затоа, користете помека четка за заби и чистете ги вашите заби со полесни кружни движења барем два пати дневно.
Погрешна паста за заби
Токму како и четката, и пастата за заби може да биде премногу агресивна. Многу пасти содржат микрогранули и зрнца кои помагаат при отстранување на дамките, но истите можат да ги оштетат вашите заби. Затоа стоматолозите препорачуваат да пронајдете паста која ќе одговара на вашиот вкус, а препорака е онаа за чувствителни заби.
Газирани пијалаци
Газираните пијалаци содржат киселини кои со текот на времето ги нагризуваат забите. Газираните пијалаци не се добри ниту за вашето тело, па затоа нивната консумација сведете ја на минимум.
Заборавате на конецот за заби
Доколку мислите дека со четката за заби можете детално да ја исчистите усната празнина, тогаш се лажете. Четката за заби не може да допре до подрачјето помеѓу забите и затоа ви е потребен конец. Чистењето на забите со конец спречува кариес, воспаление на непцата и таложење на каменец.Храна која остава дамки
Сè она што остава дамки на вашите чинии или шолји, ќе остави дамки и на вашите заби. Кафето, чајот, соја сосот и црното вино се само некои од намирниците кои оставаат лоши дамки на вашите заби. Токму поради тоа се препорачува четкање на забите по нивна консумација.

loading...