Пет намирници кои треба да ги консумирате по тренингот

По напорниот тренинг, вашето тело има потреба од храна која ќе го закрепне и која ќе му даде сила. Затоа треба да направите паметен избор и да му обезбедите на организмот правилен внес на витамини, протеини, масти и други здрави состојки.
Затоа одлучивме да ви претставиме намирници кои мора да ги јадете по тренингот, доколку сакате да изградите цврсти мускули.


Јајца
Јајцата се одличен извор на протеини и јаглехидрати, а тоа е она што му е најпотребно на вашето тело по тренингот. Јајцето не само што лесно и брзо се припрема, туку тоа е намирница која му ја овозможува потребната енергија на вашето тело.
Јогурт
Јогуртот е освежувачки млечен напиток кој содржи висок процент на протеини и кој позитивно влијае на вашата дигестија. Јогуртот овозможува подобро варење и ќе ви ја даде потребната енергија за функционирање. Една чаша јогурт содржи 11-13 грама протеини.
Банани
Ова суперовошје е одлична ужина која содржи мноштво витамини, од кои најзастапен е витаминот Б. Бананата е хранлива и многу брзо ќе ја надополни изгубената енергија.


Сушено овошје и ореви
Немате време за готвење? Неколку парчиња сушено овошје и ореви брзо ќе ја надополнат изгубената енергија и ќе го забрзаат процесот на закрепнување по интензивниот тренинг. Консумирајте бразилски ореви кои содржат минерали, селен, магнезиум и цинк.
Пилешко месо
Секако, пилешкото е одличен извор на протеини кои ќе ви овозможат моќна мускулна маса. Пилешкото можете да го припремите на безброј начини, па затоа бодибилдерите честопати велат дека кокошката за нив е крал на животните.

Loading...