Пет најчести причини за раскинување

Loading...

Иако за раскинување и развод најчеста причина е неверство, статистиките покажуваат дека повеќето бракови и врски завршуваат поради ситниците кои партнерите не ги препознаваат навреме.
Недостаток на внимание
Тој ве слуша што му зборувате, но со мислите е на некое друго место или таа пишува со пријателките додека тој ѝ раскажува за проблемите на работа. Тоа се само некои од сценаријата со кои му покажувате на вашиот партнер дека не се грижите за него.
Сметате дека сте во право, а партнерката се жали дека не ѝ помагате и не учествувате во извршувањето на домашните обврски. Повеќето мажи сметаат домашните обврски се „женска работа“, а тоа ги фрустрира жените кои треба да се грижат за сè.
Се преправате дека сè е во ред
Ситуација во која еден од партнерите е под стрес, а другиот смета дека треба да се опушти и заборави е причина за расправии. Ова наместо со смеа резултира со лутење и конфликт.
Враќање во минатото
Повеќето расправии се поради нерасчистените проблеми од минатото. Најчестите караници се бидејќи не сте ги решиле проблемите и не сте биле подготвени да простите, а сте се согласиле на компромис. Овие ситуации се најчеста причина за развод.
Доколку не се грижите за физичкиот изглед, нема да му бидете привлечни на партнерот. Со ваквото однесување му давате до знаење на вашиот партнер дека не сакате да бидете секси и дека не се трудите да го освоите како порано.

loading...
Loading...