Пет нови сомнителни случаи за корона вирусот во Хрватска

Loading...

Во клиниката за инфективни болести во Загреб во тек е тестирање на вкупно шест примероци на коронавирусот Ковид-19 – по еден од Сплит и Риека и по два од Загреб и Сисак, соопштено е денес од Клиниката.
Како што се дознава, сите примероци се негативни на коронавирусот.
– Сите тестирани се негативни – информираше министерот за здравство на хрватска за порталот „Индекс“.
Но, како што пишува „Дневник“, од Риека вечерва во клиниката ќе пристигнат уште пет примероци.
За спречување на коронавирусот, Хрватска од вечерва воведе специјален здравствен надзор за сите луѓе кои доаѓаат од критичните италијански подрачја Венето и Ломбардија.
Засилена контрола на сите гранични премини на патниците кои доаѓаат од критичните региони во северна Италија, обезбедување простор за изолација на патници во неколку медицински центи низ земјава и формирање кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции.
Ова е договорено на вечерашниот состанок на Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи на кои беа разгледувани мерките за превенција од коронавирусот во Македонија.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

loading...