Пет сериозни причини зошто стапалата постојано ви се ладни

Loading...

Проблемот со студените стапала е доста чест, а понекогаш може да биде показател за некои медицински состојби, особено ако вашите обиди за загревање се покажат неуспешни.
Хипотироидизам
Хипотироидизам е состојба на недоволно активна тироидна жлезда, која не произведува доволно хормони. Овие хормони влијаат на многу органи и помагаат да се претвори храната во енергија.
Ако секогаш ви е ладно, особено на стапалата, може да имате хипотироидизам. Најдобро е да посетите лекар ако се сомневате во оваа состојба.
Рејнова болест
Рејновата болест е состојба во која телото претерано реагира на студот. Кога температурите се намалуваат, може да забележите дека рацете и стапалата ви се вкочанети или ледено студени.
Екстремитетите исто така може да ја променат бојата. Ако станат бледи или сини, а потоа станат црвени и почнат да пецкаат кога ќе се загреат, можно е да имате Рејнова болест.
Разговарајте со вашиот лекар ако сте загрижени и тој или таа може да препорача терапија.
Дијабетес
Студените стапала исто така може да бидат компликација на дијабетес. Овие компликации може да вклучуваат:


Периферна невропатија: Ова значи дека нервите во вашите стапала се оштетени и може да предизвикаат студени стапала, додека температурата ќе биде нормална на допир. Периферната невропатија може да биде предизвикана од автоимуна болест, недостаток на витамини, одредени лекови, алкохолизам и дијабетес.
Заболување на периферните артерии: Ова е проблем со циркулацијата, што може да доведе до студени стапала. Болеста на периферните артерии е честа појава кај пушачите, луѓето со прекумерна тежина и оние со висок крвен притисок или висок холестерол.
Урамнотежениот, здрав начин на живот може да помогне да се спречи болеста на периферните артерии. Повеќе вежбање и управување со нивото на шеќер во крвта може да ги намалат сите симптоми.
Стрес
Стресот може да предизвика крвта да се пумпа повеќе кон централниот дел од телото, а помалку кон екстремитетите, па може да ги лади рацете и нозете, особено кон врвовите на прстите.
Висок холестерол
Високиот холестерол може да доведе до проблеми со циркулацијата, што може да предизвика студени стапала. Високиот холестерол може да предизвика сериозни здравствени проблеми како што се мозочен и срцев удар, затоа консултирајте се со вашиот лекар доколку се сомневате во оваа состојба.

loading...
Loading...