Пет ситуации кој треба да ги премолчите,кога јазикот е побрз од паметот

Loading...

Пит Лов, авторот на книгата „How to Improve Your Relationship Without Talking About It“ , наведува пет ситуации каде молчењето е сепак најдобра опција.  Иако познато е мислењето дека премолчувањето на проблемите е убиец во врските, сепак постои некој ситуации  каде тоа е најдоброто решение.

1. Кога мислите да го навредите, без претходно да размислите за тоа што зборувате
Кога ќе добиете напад на бес, и пред да тргнете по најнискиот удар, пробајте да застанете.  Таков излив на емоции ќе ви зададе дополнителни проблеми, а во афект луѓето честопати го кажуваат она поради што покасно зажалуваат. Одалечете се од партнерот додека не се смирите, па после поразговарајте со нив.
2. Кога сте во совршена врска
Вашата врска е речиси совршена, уживате еден со друг, но понекогаш партнерот ви кажува нешто што вас ве навредува. Во тој случај вашето молчење кажува дека нешто не е во ред и вашиот дечко тоа многу лесно  ќе го сфати.
3. Кога од мравка правите слон
Полудувате ли поради некој ситници кои не ги прави како што вие ги замислувавте? Смирете се, ако закаснил 15 минути на договорената вечера , не го фрлил ѓубрето како што му рековте, или го оставил пешкирот на подот, тоа не е голема работа. Ако ве нервираат овие работи толку многу, можеби проблемот е сепак во нешто поголемо.
4.Кога сте на јавно место или во друштво
Без оглед на тоа дали тој прави нешто што ве нервира, или не ова сепак не е место, ни време да разговарате за ова. Воздржете се од коментари и решите ги проблемите, покасно во четири лица.
5. После некоја чашка повеќе
Ако сте пијани, уморни или гладни.. Направете се само немојте да влегувате во кавги. Откако ќе се отрезнете, одморите или нахраните, сликата која ќе ја видите ќе биде целосно поинаква. И многу пати нема ни да знаете, зошто претходно толку многу се налутивте.
 Пит Лов, авторот на книгата „How to Improve Your Relationship Without Talking About It“ , наведува пет сит

loading...
Loading...