Печени палачинки со спанаќ и сирење

Loading...

Потребни состојки за палачинките: 125 г пченкарно брашно, 75 г пченично брашно, 2 јајца, 1 лажичка сол, 200 мл млеко, 2 лажици маслиново масло, 100 мл минерална вода.
Состојки за филот: 500 г спанаќ, 1 лажица масло, 1 чешне лук, 200 г сирење, 1 лажица кисела павлака, 2 лажици пармезан.
Прелив: 200 мл кисела павлака, 1 јајце, 50 г гауда.
Подготовка:
Измешајте ги двата вида брашно. Јајцата изматете ги со солта, па наизменично додавајте брашно и млеко. Потоа додадете маслиново масло и минерална вода, добро мешајте да добиете изедначена смеса. Оставете ја смесата да постои во фрижидер околу 30 минути до 1 час.

Подгответе ги палачинките на вообичаен начин и чувајте ги покриени до полнење со филот.
Спанаќот бланширајте го во солена вода, па потоа добро измијте го со студена вода, исцедете го и исецкајте го. Потоа динстајте го со исецканиот лук. Посолете, додајте вода ако е потребно и варете уште неколку минути. На оладениот спанаќ додадете ги сирењето, павлаката, пармезанот и зачинете.
На секоја палачинка рамномерно намачкајте две до три лажици од филот и виткајте ги. Палачинките ставете ги во огноотпорен сад. Измешајте ја киселата павлака со јајцето, па смесата истурете ја врз палачинките. Додадете рендан кашкавал одозгора и печете во рерна додека не се стопи кашкавалот и добие убава боја.

loading...