Печен компир со сланина и кашкавал

Потребни состојки:
-околу 1,5 кг компир од средна големина
-80 г сланина
-1 лажица сув зачин
-две до три лажици масло
-кашкавал по избор
-сол по желба
Начин на подготовка:
Компирот измијте го добро без да го лупите и по должина пресечете на половина. Површината на компирот посипете ја со сув зачин, малку посолете, по потреба ставете и малку масло.
Наредете го компирот на намачкано плехче и печете во загреана рерна на 180 до 200 степени, околу 40 минути.
Пред крајот на печењето, по површината на компирот ставете сецкана сланина и рендан кашкавал, по желба. Печете додека кашкавалот не се стопи.
Компирот може да го послужите со салата по избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.