Пешачете 15 минути дневно, ова се придобивките

Loading...

Пешачењето е поврзано со подобро здравје на срцето, подобра функција на мозокот, подобро расположение и многу повеќе придобивки. Одличен кардио тренинг кој зглобовите подобро го поднесуваат од трчањето, на пример.
Иако многумина се фокусираат на цел од 10.000 чекори во денот, придобивки може да искусите и од пократка 15-минутна прошетка.
Еве неколку од нив:
1. Ќе го поправите расположението
Истражување во Journal of Behavioral Medicine покажа дека печашењето од 10 до 15 минути им помага на луѓето да станат порелаксирани.
2. Ќе бидете покреативни
Пешачењето ја зголемува креативноста. Студија од Универзитетот Стенфорд од 2014 година ја испита креативноста на луѓе кои пешачат или седат во различни услови од 5 до 16 минути. Научниците откриле дека движењето го подобрило генерирањето нови идеи, односно креативното размислување подобро отколку седењето.
3. Ќе живеете подолго
Прошетка од 15 минути можеби не звучи долго, но тие минути ќе ги продолжат вашиот живот. Студија објавена во American Journal of Preventive Medicine од 2017 година покажа дека луѓето кои пешачеле само два часа неделно имале помал ризик од смрт од луѓето кои воопшто не се движеле.
4. Ќе согорите повеќе калории
Кратка 15-минутна прошетка, зависно од вашата возраст, телесна тежина, но и брзина, може да согори околу 67 калории.

loading...
Loading...