Пејачката Емели Санде триумфираше на Brit Awards

Loading...

Шкотската пејачка Емели Санде е добитничка на главната британска награда во областа на популарната музика Brit Awards, и тоа во две категории: Најдобра пејачка во Велика Британија и за Албум на годината.Емели Санде победи во конкуренцијата на починатата Ејми Вајнхаус, кој исто така постхумно беше номинирана за титулата најдобра пејачка.Другите добитници на поважните признанија се 25-годишниот англиски музичар Бен Хауард, во категоријата Најдобар британски пејач и Пробив на годината и Адел којашто го доби признанието Brit Awards за синглот Skyfall со темата од последниот филм за тајниот британски агент Џејмс Бонд.Адел беше спречена да присуствува на церемонијата, бидејќи се подготвува за настап на церемонијата на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскар, коешто ќе се случи на 24-ти февруари во Лос Анџелес. По триумфот минатата година, кога времето за  нејзиното заблагодарување беше скратено поради временското ограничувања, Адел годинава се обрати преку видео порака во којашто им се заблагодари на сите за наградата и вети дека нема да го одзема натамошното внимание на публиката „за да не мора да биде прекинуван добитникот на наградата за најдобар албум оваа година“.Фолк-рок бенд Mumford and Sons беше прогласен за најдобар британски бенд, а Coldplay  ја добија наградата за најдобар настап во живо, пред легендарните Rolling Stones коишто првпат беа номинирани за Brit Awards пред 35 години.Специјална награда како признание доби хуманитарната организација која им помага на децата, War Child. Неодамна на дискот за оваа фондација се појавија водечките британски музичари како Oasis, Radiohead, Muse, Massive Attack, легендарниот „битлс“ сер Пол Маккартни, а наградата во име на организацијата ја прими фронтменот на бендот  Blur, Дејмон Албарн.Церемонијата се одржа во лондонската О2 Арена. Шоуто го отвори беднот Muse, покрај кои на сцената како гости на церемонијата се појавија Роби Вилијамс, Тејлор Свифт и Џастин Тимберлејк. Сите победници добија статуетка изработена од познатиот уметник Демијан Хирст.
МакфаксШкотската пејачка Емели Санде е добитничка на главната британска награда во областа на популарната музика Brit A

loading...