Пејачката накачила 15 килограми повеќе, а сега ги покажала облините во проѕирна долна облека

Ријана својата нова колекција ја прилагодила за жени со различни конфекциски броеви, а проговорила и за својот впечатлив моден стил.
Пејачката од Барбадос последнава година накачила повеќе од 15 килограми, но тоа не ја спречува и натаму да објавува провокативни фотографии со малку облека на себе. Напротив, откако се пополнила, Ријана посебно зрачи со самодоверба и сексапил.
Своите бујни атрибути пејачката гордо ги покажала во реклама за сопствената линија на долна облека “Fenty Beauty”. Свесна е дека самата е најдобар модел, па со провокативен едиторијал го претставила својот проѕирен комплет во жолта боја, кој е во продажба од 1-ви април, и не се грижела за вишокот килограми.

 

View this post on Instagram

 

Waiting for that April @savagexfenty drop… get it on April 1st !!

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on


“Вистинско велигденско зајче”
Црномурестата пејачка позира во чипкаст проѕирен топ и боксерки кои доаѓаат со комплетот, а во прв план се, секако, градите и задникот.
“Мразам жолта боја, но ти во овој комплет си неодолива. Вистинско велигденско зајче, добро ти стојат килограмите”, е еден од коментарите на фановите.
Ријана и оваа колекција ја прилагодила за жени со различни конфекциски броеви, а проговорила и за својот впечатлив моден стил.

 

View this post on Instagram

 

@savagexfenty April 1st

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on


“Се облекувам според тоа како моето тело се чувствува тој ден. Ако се чувствувам слабо, ќе го нагласам телото, ако не, ќе облечам нешто преголемо. Сакам да си играм со силуетите, но мислам дека е најважно да се чувствувате добро во тоа што го носите”, рекла за “New York Magazine”.

Loading...