Пикантна пица со кулен и ајвар

Loading...

Состојки
За тесто
600 гр брашно
1 сув квасец
3 лажици масло
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
400 мл млака вода
За фил
неколку лажици ајвар
100-200 гр кулен
100-200 гр шунка
1-2 црвени пиперки
1 лута пиперка
100-200 гр свежи печурки шампињони
300 гр кашкавал
1 лажица оригано

Се замесува тестото, се меси 10-на минути и се остава да стаса. Се вклучува рерната на највисока температура веднаш штом ќе стаса тестото, за да добро ни се загрее. Откако ќе стаса земаме парче од тестото и нежно го развлекуваме во круг. Може со втиснување на прстите и дланките, ама нежно за да не го истиснеме сосема воздухот формиран при стасување. Секој круг го ставаме на набрашнето тавче.
Ја мачкаме со ајвар, редиме тенко насечкани шунка, кулен, печурки, пиперки и на крајот обилно рендаме врз неа кашкавал. Задолжително посипуваме со оригано.
Печеме во добро загреана рерна на најдолна решетка…
Забелешка
Доколку имате време најдобро е два пати да го стасате тестото. Големината на пицата ја формирате по ваша желба и големина на тавите во кои ќе печете.
Користев кулен во форма на мали стапчиња. Користените состојки се одокативно предложени…

loading...