Пикантно пилешко со ориз

Loading...

Потребни состојки:
2 парчиња пилешки стек
1 јајце
Малку ѓумбир
Лук во прав
1 лажица соја сос
1 лажица густин
Малку чили во прав
Сол
Масло за пржење
Сос
1 помал кромид
1 чешне лук
50 мл сос од домати
1 лажичка мед
Чили во прав
1 лажица соја сос
Сол и бибер
30 г индиски ореви или кикирики
Малку праз


Начин на подготовка:
Исечкајте го пилешкото на коцки или ленти. За маринада промешајте јајце, ѓумбир, густин, соја сос, кромид, сол и малку чили. Прелијте ја маринадата преку пилешкото, промешајте и ставете во фрижидер околу 30 минути. Во длабока тава загрејте масло, па додајте го маринираното пилешко.
Пржете го пилешкото додека да добие убава боја, а потоа извадете го и ставете го на хартија за да се исцеди од маслото. Од тавата отстранете го остатокот од маслото и вратете го во тава.
За сосот, пропржете го ситно исечканиот лук. Додајте го исечканиот кромид, сос од домати, мед, соја сос, сол и чили. Динстајте за да се поврзат состојките на сосот, а потоа додајте го пилешкото месо.
Динстајте уште малку додека пилешкото да стане густо и лепливо, па додајте мелен бибер и посолете.
Готовото јадење наросете го со индиски ореви или кикирики и сечкан праз. Послужете со варен ориз.

loading...
Loading...