Пилешка салата со ореви, мајонез и грчки јогурт

Loading...

Во текот на летото секогаш бираме лесни оброци, така што салатите се совршен избор за доручек, ручек и вечера. Овој рецепт ќе му се допадне на секој кој ќе го проба.
Потребни состојки:
40 гр. сирови сецкани ореви
65 гр. мајонез
65 гр. грчки јогурт
2 лажички јаболков оцет


¼ лажичка сол
¼ лажичка бибер
340 гр. пилешко филе
Mагдонос
6 листа зелена салата
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Оревите подредете ги во тепсија, на хартија за печење и печете 5 минути. Оставете ги да се изладат, а за тоа време измешајте мајонез, јогурт, оцет, сол и бибер да се соединат.
Испеченото пилешко, подготвените ореви и магдоносот додајте ги во чинија. Промешајте добро, па додајте прелив од мајонез и грчки јогурт.

loading...